По лекарската интервенција, Боки 13 се врати во затворот во Шутка

0
122

Денеска во 12 часот Боки 13 како првоосомничен во случајот „Рекет“ требаше да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска. Неколку минути по пристигнувањето во зградатата на Јавното обвинителството, беше повикана Брза помош со која Јовановски веднаш беше пренесен во болница. Тој денеска не успеа да даде исказ.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече дека тој повраќал во тоалетот и дека тоа е истото што му се случува последните 40-50 дена додека е во притвор.

Обвинителството за овој случај наскоро треба да поднесе и обвинение.

На 4 октомври Апелацискиот суд ја одби жалбата на Јовановски за укинување на притворот и донесување решение за куќен притвор.

Третоосомничената во овој случај, Катица Јанева, е во притвор и нејзините бранители денеска изјавија дека таа нема да даде исказ, ќе го чека обвинението и дека сѐ што има да каже ќе каже во судот.

Второосомничениот Зоран Милески-Кичеец е пуштен во домашен притвор.