Пратеничката група на ДУИ со нова иницијатива за забрана на обложувалниците во околина на училишта

0
128

По неколку неуспешни обиди за промена на Законот за игри на среќа, во тек е нова иницијатива поднесена од пратеничкара група на ДУИ. Тие бараат обложувалниците да бидат дислоцирани на најмалку 500 метри од факултетите и училиштата. Пратеникот од редовите на ДУИ, Ејуп Алими во изјава за телевизија Сител вели дека обложувалниците едиствено служат за да се крадат граѓаните за поголем профит на олигарсите и затоа потребно е да бидат подалеку од младата популација.

„Коцкањето создава зависност. Сите обложувалници годишно имаат промет од 300 до 400 милиони евра, што значи во просек по 500 евра годишно троши едно домаќинство во казина и обложувалници. Од нив, 100 милиони завршуваат во буџетот за давачки, а останатите 300 милиони во џебот на олигарсите. За што служат обложувалниците кои ги има на секој чекор? Служат да се крадат граѓаните, да стануваат се посиромашни. На општеството не му носат ништо добро, освен на џебот на олигарсите“, вели Алими.