Презентација на заложбите за инклузивни изборни процеси

0
137

Наодите, заклучоците и препораките од извештајот за мониторингот на Претседателските избори во 2019 година спроведен од страна на набљудувачи со попреченост.

На презентацијата ќе присуствуваат претставници на ДИК, Интернационалната фондација за изборни системи, на министерствата за локална самоуправа, за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, како и на меѓународни и домашни организации кои работат на оваа проблематика, медиуми, граѓански организации и претставници на политички партии. /МИА