Премиерот на Етиопија ја доби Нобеловата награда за мир

0
138

„За неговите заслуги да се задржи мирот и меѓународната соработка, а најмногу за неговата одлучувачка иницијатива да се заврши граничниот конфликт со соседна Еритреја“, се вели во соопштението донесено од комитетот за Нобелова награда.

Али стана премиер на Етиопија во април 2018 и веднаш се фати за работа. Како дете од мешан брак, татко му муслиман од етничката група Оромо, а мајка му христијанка од групата Амхара, Али ги тргна на страна сите предрасуди во североисточниот дел на Африка.

Уште во првите 100 дена од доаѓањето на власт, Али амнестираше илјадници политички затвореници, ја тргна цензурата врз медиумите, им даде легитимитет на противничките групи, отпушти луѓе од војската кои беа замешани во корупциски скандали, а ги зголеми и правата на жените во земјата.

Ѝ подаде рака на соседната Еритреја со кој потпиша мировен договор ставајќи крај на долгиот конфликт помеѓу двете земји кој почна во 1998 година.

„Кога Абиј Ахмед ја подаде својата рака, претседателот Исајас Афуерки ја зграпчи и помогна да се формализира мировниот процес помеѓу двете земји“, рече Берит Реис-Андерсе, лидер на комитетот за Нобелова награда.