Путин разговарал со Ердоган за Сирија

0
132

Официјална Москва соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин синоќа разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за ситуацијата на северот на Сирија. Кремљ наведува дека притоа била „воочена потребата од спречување на судири меѓу единиците на турската војска и силите на сириската влада и го потврдиле почитувањето на територијалниот интегритет на Сирија“. Сириската војска тргнала на север врз основа на спогодбата со Курдите кои побараа заштита од турската офанзива што уследи по повлекувањето на американските војници од тоа подрачје.