Рамадани: Прогласување на избори е најдобрата опција од моментално можните

0
86

Колективното чувство кое владее после европското НЕ за државата е многу податливо за апатија, но сепак прогласување на избори е најдобрата опција од моментално можните.

Токму како што најдобро решение во случај кога сме консумирале лоша или горчлива храна е да изедеме нешто друго за да го победиме претходниот лош вкус кој не се отстранува ако апстинираме од храна. Или како што често правиме после изгледан лош филм или прочитана безвезна книга.

Продолжуваме со други филмови и книги оти поинаку ќе ни остане впечатокот за последното лошо. #macedonia2019

ФБ Статус на Рамадан Рамадани