Рамуш Харадинај се откажа од пратеничката функција, ги кажа и причините

0
183

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај преку статус објавен на „Фејсбук“ информира дека нема да биде пратеник во новиот собраниски состав.

Харадинај рекол дека неговото место ќе им го препушти на колегите, а ќе продолжи да биде на чело на Алијансата за индина на Косово и според него Алијансата има потреба за реформи, јавува Зери.

– Моето седиште во Собранието на Косово ќе го оставам на колегите, но без прекин ќе продолжам да ги држам отворени вратите на Алијансата за потребната реформа што го побара народот – напиша меѓудругото Харадинај на „Фејсбук“.