Расте бројот на загинати во запалениот воз во Пакистан

0
75

Пожарот уништи три од четирите вагони недалеку од градот Рахим Јар Кан на југот на провинцијата Пенџаб. Возот сообраќал од јужниот град Карачи за Равалпинди и многу од патниците патувале на верска конференција.

Ова е најтешката железничка несреќа во Пакистан за последните 15 години.

Повеќето луѓе загинале додека скокале од возот, бегајќи од пламенот. Официјалните лица стравуваат дека бројот на загинати може да продолжи да расте.