Регулаторна: Цената на нов приклучок паѓа на 370 евра, исклучените ќе плаќаат 440 денари за пак да добијат струја

0
77

Граѓаните кои ЕВН ги исклучила поради неплатени сметки, наместо над 1.700 денари за повторен приклучок или 2.500 за веднаш да добијат струја, сега ќе плаќаат по 440 денари.

Од денеска 370 евра ќе чини нов приклучок за струја, наместо 500 евра како до сега. Двоењето пак на броилата како и  приклучокот од монофазна на трофазна од 500 се намалува на 200 евра. Регулаторна го донесе новиот ценовник за прикучоци и трошковникот кој го одобри на ЕВН.