Розова прошетка во Скопје: Чекори против ракот на дојка

0
154

„Напред розово 2019–чекори против ракот на дојка“ е настанот што по 11 пат ќе се одржи Скопје. Како организатори се потпишани здружението „БОРКА–за секој нов ден“ и амбасадата на САД во земјава, а почетокот е закажан за 11 часот пред „Школка“ во Градскиот парк.

Идејата е низ пешачење од неколку километри да се подигне свеста за важноста од рана дијагноза како основен предуслов за победа над ракот на дојка. Најавено е учество на поддржувачи на здружението од Скопје и од внатрешноста, а по прошетката ќе има и музички хепенинг во насока на дружење и зближување на активист(к)ите во борбата против тешката болест.