САД ги префрлиле најопасните исламисти од Сирија

0
132

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Држави префрлиле некои од најопасните борци на Исламска држава, заглавени во северна Сирија, на непозната локација за да можат „да внимаваат на нив“ додека трае воениот упад на Турција во областа.

Меѓу нив, според неименувани американски официјални лица, се двајца озлогласени британски борци познати по прекарот „Буби“ поврзани со убиството на западните заложници.