Само господ знае какви „бомби“ има Никола Груевски- Верушевски со надградено сведочење пред судот со обвинувања за екс премиерот

0
125

Дојде смирено на второ полувреме и сите очекуваа жесток судир во судница со Мијалков.

Но ниту обвинетиот екс директор на УБК му постави прашање, ниту неговиот колега Верушевски го спомна во исказот. Одбраната се откажа од прашања, Верушевски беше допрашан од обвинителството и од судот.

Да објасни на каква модификација мислел на материјалите кога сведочеше на 23-ти септември и кој имал пристап до материјалите во СДСМ.

Верушевски пред судот сведочеше дека само тој и претседателот на СДСМ ги анализирале и имале пристап до материјалите, без конкретно да одговори дали слушнал за други протекувања на „бомбите“.

А за модификацијата и за целиот процес кога се користела опремата на УБК за снимање на телефонски разговори на политичари, граѓани и бизнисмени- Верушевски директно го обвини избеганиот екс премиер Никола Груевски, како и двајцата екс разузнавачи, а обвинети во “Тврдина Таргет”, Горан Грујовски и Никола Бошковски.

Тој оцени дека Груевски го организирал прислушувањето заради својата патолошка желба да остане на власт. Го искритикува и СЈО затоа што наместо Груевски првообвинет во случајот е братучедот на бегалецот Сашо Мијалков.

Телоп Сведочење на Зоран Верушевски во случај Тврдина-Таргет

-СЈО во овој предмет направи круцијално поместување на лицето кое требаше да биде првообвинето, а сега е во бегство во Унгарија. Суштината на оваа документација е дека е креирана од тој што имал најголем бенефит. Клучна е амбицијата на тоа лице кое ја имал таа патолошка желба да ја задржи власта по секоја цена – рече Верушевски.

Верушевски отиде и понатаму, тврди дека Груевски и двајцата бегалци од УБК, со себе во Унгарија и во Грција однеле многу повеќе документација отколку што има во СЈО.

Оттаму прави модификации, а според Верушевски првата модификација и компромитација ја извел екс премиерот со своите прес конференции за Пуч, шпионирање и предавство, со што му го сменил животот на целото семејство Верушевски. Материјалите ги користеле за да обезбедат повластен статус во земјите каде се бегалци, рече Верушевски.

–Оваа документација што ја поседува СЈО е минорна во однос на тоа што го поседуваат овие три лица. Само еден Господ знае што се друго поседуваат. Поседуваат и друга документација која не е предмет на ова обвинение.-смета екс разузнавачот.

По излегувањето од судница Верушевски не сакаше да коментира повеќе.

Адвокатите пак во судница бараа да не му се дозволи нови обвинителски прашања за Верушевски, но на излегување иако не дадоа изјави сепак кажаа дека се задоволни од исказот.