Сара Џесика Паркер воодушевена од „Медена земја“: Филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

0
126

Познатата актерка Сара Џесика Паркер денеска на својот Инстаграм профил објави фотографија од македонскиот документарен филм „Медена земја“ и истакна дека е воодушевена од филмот.

„Медена земја“ е неверојатна , визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“. Има причина зошто овој филм ги освојува сите награди и признанија. Им честитам на авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и фала ви што ни дозволивте да патуваме со вас во малото место во Република Македонија. Вас двајца јас ќе ве следам секаде, напиша Сара Џесика Паркер