Светска банка: 500.000 граѓани се иселиле од земјава, политичарите со меѓусебни обвинувања

0
129

Половина милион граѓани се иселиле од Македонија, поголемиот дел од нив професионалци од ИТ секторот. Ова го покажува извештајот на Светска банка. Координаторот на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вели дека нема потреба од извештај од Светска банка за да ја сфатиме сериозноста на работата. Според него тоа што загрижува е дека младите не си одат само поради економската состојба туку и поради недоволно безбедност и владеење на правната држава.

И Сурија Рашиди рече дека причината за иселувањето на граѓаните не е само сиромаштијата туку и недовербата во институциите. Рашиди вели дека овој феномен го има заробено целото општество, но како што рече, кај Албанците размерите се подраматични.

Пратеникот на ДУИ, Реџаиљ Исамили вели дека Владата прави се што е можно за да ги задржи младите во земјава.

ТВ21 побара и од владејачката партија за коментар за извештајот од Светска банка, но не добивме. Светска банка го претстави 6 месечниот извештај за Западен Балкан. Според извештајот треба да се преземат марки за спречување на иселувањето на професионалните кадри од земјава, бидејќи со тоа се доведува во опасност економскиот развој и пазарот на трудот.