СДСМ за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ за мнозински модел

0
191

СДСМ се залага за една изборна единица со отворени листи, ВМРО-ДПМНЕ за мнозински модел, ДУИ за 6, а опозициските партии на Албанците за 3 изборни единици.

Сите предлози се ставени на маса. Работните групи интензивно ќе заседаваат деновиве со цел да постигнат компромис за измените на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се земат предвид сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР за законските пропусти.

На ДУИ и одговара досегашниот изборен модел. Би подржале отворени изборни листи само доколку претходно се спроведат обуки за гласачите.

Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска вели дека е неопходен широк политички консензус за пропорционален изборен модел со отворени листи, што беше и предизборно ветување на СДСМ.

Една изборна единица и отворени листи без изборен праг одат во прилог на помалите политички партии кои повеќе нема да бидат приврзок на поголемите.

Со тоа ќе се зголеми легитимитетот и тежината на избраните пратеници и тие повеќе нема да зависат од никого и да влегуваат во коалиции

Извор Телма