Семејство од Тетово бара помош: Исчезна 42-годишен маж

0
77

Во тетовската полиција вчера е пријавено дека 42-годишник од Мала Речица се оддачил од дома и не се вратил, а имал здравствени проблеми.

Исчезнувањето го пријавил З.Р. (73), татко на 42-годишникот.

Според пријавеното, како што информира СВР Тетово, пријавениот и претходно повеќе пати го напуштал домот и бил враќан.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.