Се вештачи компјутерот на Лазар Јанев, се проверува дали се вмешани функционери од власта

0
146

Иако Обвинителството за организиран криминал соопшти дека е завршена истрагата за „Рекет“ во делот за влијание од Катица Јанева за „Империја“, сепак уште траат вештачења кои најверојатно ќе ги надополнат собраните докази, дознава „САКАМДАКАЖАМ.МК“.

Од „СДК.мк“ пишуваат дека во МВР се вештачи компјутерот на синот на поранешната специјална обвинителка Јанева, што бил одземен при претресот во неговата канцеларија во 1 ТВ на притворениот Јовановски.

Се бара остатокот на парите кои Јовановски ги земал во два наврати од пријавителот на рекетот, Орце Камчев.