Се одмотува ли „клопчето“: Монструм е сценарио на тајните служби, тврди Рауфи

0
131

Петкратното убиство кај Смилковското езеро било најавено. Така се слушнало денеска при читањето на транскриптите на судското рочиште за случајот Монструм. Во текот на читањето на транскриптите се слуша дека еден припадник на МВР во еден разговор, 15 дена пред да се случи убиството, имал сознанија за таков напад, или врз полициска станица или врз цивили. Тој во врска со тоа го известил советникот на национална безбедност кај претседателот на државата, но никој не презел мерки за спречување. Адвокатот на одбраната Насер Рауфи рече дека овие транскрипти покажуваат уште еднаш дека ова е монтиран случај.

Адвокатката на семејствата на жртвите Дафинка Ивановска рече дека од тоа што се преслушало денеска, многу луѓе се вмешани во петкратното убиство, но треба да почекаме да се види кој е тој што го извршил делото.

Во текот на рочиштето беа прочитани транскрипти дека цело време многу лица се интересираат за случајот, во разговорите се слуша како се вели дека убиството е многу тешко и дека е тешко да се најдат извршителите на делото. Семејствата на жртвите и обвинителката Фатиме Фетаи побара одговор од Министерството за правда до каде е постапката за екстрадиција на двајцата осомничени за убиството на Алил Демири и Африм Исмаилагиќ.