Се породи сопругата на македонскиот пејач: Дарко Илиевски стана татко за првпат

0
150

Поп-пејач Дарко Илиевски со сопругата Ивана со која се венчаа во октомври 2016 година се пресели на Флорида, САД.

Дарко и неговата сопруга уживаат на Флорида, а деновиве имаат уште еден повод за славење. Далеку од границите на Македонија, Дарко и Ивана уживаат во заедничкиот живот и во рајот што го нуди Флорида.

Имено, Илиевски на својот „Инстаграм“ сподели радосни вести, односно тој и Ивана станаа родители за првпат.

„8ми октомври 2019 е најсреќен ден во мојот живот. Мојата кралица ми роди син како најголем поклон за 3 години од нашиот брак.Фала ти сонце мое. Драсги пријатели се роди Матео“, напиша пејачот на социјалните мрежи.

Под објавата се нижеа честитки.