Синдикатот: Колективните договори да се потпишат итно

0
84

Синдикатот на култура бара итно потпишување на новиот колективен договор со кој ќе се зголемат нивните плати. Тие маршираа по улиците на главниот град. Побараа Владата да ги исполни ветувањата.

Од Министерството за култура во писмено соопштение соопштија дека текстуалниот предлог за колективниот договор е готов уште од минатата година, но се очекува усогласување со новите измени што се направени во регулативата за јавната администрација.

Министерство за култура

„Министерството работи на изготвување на Колективниот договор за култура. Се очекува, покрај другите прашања од областа на работните односи, да се надминат и тековните проблеми при утврдувањето на платите на вработените во културните институции. Се очекува во наредниот период Колективниот договор да биде ставен на јавна расправа и да биде разгледан од синдикални организации во културните институции, а ќе се спроведува од 1.01.2020 година.

Последниот генерален колективен договор во културниот сектор е направен пред 14 години. Владата ги покани лидерите на синдикатот на состанок за да разговараат за нивните барања за колективниот договор.