СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ

0
137

Оваа е трета година по ред кога Skopje Run 10K успева во својата клучна цел, да го промовира спортот и спортувањето во Скопје и Македонија. Околу 2.000 тркачи излегоа ова прекрасно утро на бул. Илинден во Скопје.

На Skopje Run 10K во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со 31:07 минути, втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:49 минути. Од женските прва беше Теодора Симовиќ со 34:59 минути, второто место го зеде Андријана Поп Арсова со 37:02 минути и на третото место заврши Билјана Кираџиева со 37:59 минути.

Дарио Ивановски заедно со Андријана Поп Арсова срушија два државни рекорди. Ивановски го надмина машкиот државен рекорд во 10 километри на улична трка, додека Поп Арсова го урна женскиот државен рекорд во иста категорија.