Следната среда е неработен ден за сите граѓани

0
76

По празничниот продолжен викенд поради државниот празник 11 Октомври, наредната недела следува уште еден неработен ден.

Во согласност со Законот за празниците на РМ, 23 Октомври 2019 година (среда), Денот на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

До крајот на годината има уште еден неработен ден за сите граѓани, кога се празнува Св.Климент Охдирски. Со оглед дека 8 Декември се паѓа во недела, неработен ќе биде понеделникот, 9 декември.

За Албанците неработен ќе биде Денот на албанската азбука 22 Ноември, додека за Турците 21 Декември, Денот на настава на турски јазик.