Словенија: Полицијата во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

0
169

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз кој патувал од Турција за Австрија, што е меѓу најголемите заплени на дрогата во Словенија годинава. Според словенечката полиција, дрогата била откриена при проверка на воз на станицата Добово, при влез на возот во Словенија и била во вагон што го користел персоналот на возот.

Криминологот од полициското одделение Ново Место, Франце Божичник, на прес-конференција изјави дека биле пронајдени повеќе од 13 килограми хероин во 25 пакети кои биле скриени во тобра која му припаѓала на 35-годишен српски државјанин.