Вечерва полицијата го обезбеди Филип Секуловски – Кобра, кој е осомничен за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев.
Според полициски извори, Секуловски е однесен во затворот во Шуто Оризари.
Осомничениот беше речиси две години баран со потерница од МВР, која беше распишана набрзо по убиството. Секуловски е осуденик кој користел викенд-отсуство од затворот во Шуто Оризари во моментот кога го извршил убиството на Јанушев.
Јанушев беше убиен на 4 ноември 2017 година во скопската општина Аеродром.