СП во атлетика: Пукна стапот при скок на Швеѓанката Бенгстон (Видео)

0
209

Шведската атлетичарка во скок со стап, Анџелика Бенгстон се соочи со незгода, за среќа без последици, на Светското првенство во Доха. За време на изведбата, при одраз од земја, пукна стапот со кој се обиде да ја совлада летвичката, а, сепак, успеа да падне на душекот. Судиите веднаш ` притрчаа напомош додека таа лежеше без да се помрдне, а глетката предизвика вознемиреност на трибините.