Српски медиуми: Бугарија преку Македонија си ја чисти својата историја

0
160

Последните бугарски уцени и услови кон Македонија во врска со очекуваните идни преговори за прием на земјава во ЕУ, наидоа на одгласи, коментари, но и шегобијни текстови во повеќе балкански медиуми. „Бугарија преку Македонија си ја чисти својата историја“, е најчестиот наслов во белградските медиуми.

„Обидот на бугарската влада и политичарите да ја ревидираат историјата и да ги убедат другите дека Бугарија не учествувала во окупациите заедно со нацистичка Германија во Втората светска војна, предизвика големо внимание и меѓу корисниците на Твитер, најмногу од Македонците и од Србите“, пишува „Блиц“, објавувајќи повеќе „твитови“ што, „всушност“, правеле бугарските војници во Поморавјето, во Македонија и во делови на Грција од 1941 до 1944 година. „Тоа не се бугарски војници на тенк, туку бугарски туристи во туристички автобус во Македонија“, стои под една од објавение фотографии…