Стартува Централниот регистар на население

0
72

Новиот Национален регистар на население електронски ги прибавува точно и во реално време сите потребни податоци на физичките лица во земјава.

Регистарот стартува од денеска и е за потребите на институциите при давање услуги. За еден месец ќе биде пуштен и националниот портал за е-услуги, преку кој граѓанинот ќе може да заврши одредена услуга од компјутер а не преку шалтер.

Секој лично ќе може да си ги провери податоците на порталот. Доколку забележи грешка, самиот портал ќе го упати до која институција треба да се обрати.

Системот ги прибира датумот на раѓање, место на живеење, матичен број, државјанство, но не и етничката припадност и економскиот статус. Манчевски тврди дека ова не е замена за попис, туку само помошна алатка.

Од сублимираните податоци, досега регистрирани се околу 2,3 милиони граѓани родени и со активен престој во земјава. Инаку проектот за регистар е финансиран од ЕУ. Манчевски уверува дека податоците се заштитени и нема опасност од хакерски напади.