Стопанската комора бара да се зголемат средствата од Буџетот за образованието

0
138

Клучот за економски развој на земјата и општеството во целост се вложувањата во квалитетно образование, кое ќе испорачува способни, компетентни и разумни здрави млади луѓе, кои се подготвени, но и одлучни да се вклучат во сите работни процеси, велат од Стопанската комора.

Економијата и општеството мора да се потпираат на знаење и стручност бидејќи само така се овозможува зголемување на продуктивноста во работењето и зголемување на производството и квалитетот на производите, долгорочно планирање на развојот на бизнисот и новите инвестиции.