Сугарески: Да не се прави фама со УНЕСКО, не мора сите дивогpaдби да се ypнат до февруари

0
143

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека се работи според препораките на УНЕСКО за уривање на дивоградбите, оценувајќи дека е манипулација тврдењето оти сите дивоградби треба да бидат урнати до февруари и оти за активностите има јасна динамика и план – објави “Фокус”

– Препораките на УНЕСКО треба да се спроведат, но не треба да се прави фама дека се што побарале од УНЕСКО оти сите дивоградби треба да бидат урнати до февруари. Тоа е класична манипулација, но факт е дека со јасна динамика и зацртан план Општина Охрид веќе постапува во делот на дивоградбите, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид, каде учествуваше на 18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори.