Судот потврди Реџепи останува поглавар на ИВЗ

0
130

Ваквата одлука следува откако апелација постапката ја врати на почеток, па овојпат, барањето на Скендер Бузаку за промена во регистарот е одбиено. Откако првостепениот суд повторно ги разгледал поднесените документи, утврдил дека Бузаку барал да биде запишан како поглавар на ИВЗ на 39-годишна возраст, иако за да ја врши оваа верска функција е неопходно да наполни 40, па така Реџепи останува на чело на институцијата.

Неизвесно е дали и покрај судските одлуки превирањата за превласт во ИВЗ ќе запрат. Неодамна Бузаку поднесе материјали до обвинителството, со кои тврди дека Реџепи сторил криминал од 700 илјади евра, а од ИВЗ најавија тужба за клевета.