Таравари за министрите на ДУИ: Бектеши, Адеми и Османи се продавачи на магла

0
81

Н: г. Таравари, како што изгледа имате проблем со сите министри на ДУИ!?

„Јас немам проблем со нив, тие имаат проблем со мене.“, рече Таравари.

Н: Со Арбр Адеми, ви ги зема надлежностите во образование. Дали мислите дека овие расправии меѓу министрите ќе бидат на штета на граѓаните?

„Апсолутно не. Ова е политичка трка. Иако нивното однесување е некоректно и нечовечно. Знаете дека министрите на ДУИ, набројувајќи три или четири имиња, едно или две се различни, другите се по ист модел. Ист модел на луѓе кои зборуваат 30 минути и на крај доколку им кажете да ви кажат од тие 30 минути еден заклучок, ниеден нема заклучок. Тие се продавачи на магла, таков е Арбр Адеми, Бујар Османи и Бектеши. Тие се копираат еден со друг, не се знае кој е оригиналот а кој копијата“, рече Таравари на гостуваењето во #10МИНУТИ.