Тетовец доби кривична пријава, се заканувал на Фејсбук на луѓето од пајак службата

0
116

Четириест и пет годишен тетовец добил кривична пријава од тетовската полиција затоа што во август годинава на социјалната мрежа Фејсбук се заканувал на службени лица кои презеле дејствија за неговото погрешно паркирано возило.

Пораките со закани ги упатувал кон двајца вработени во ЈП „Градски паркинг Тетово” и еден полицаец кои со специјалното возило „пајак” му го подигнале неговото возило.

-СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Б.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста по пат на информатички систем”. На 26.08.2019 во 10.00 часот во Полициска станица Тетово три лица пријавиле дека од профил на Т.Б. на социјалната мрежа „Фејсбук” биле објавени пораки со заканувачка содржина, поради преземени службени дејствија за погрешно паркирано возило, сопственост на Т.Б, информира СВР Тетово.