ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ РАДОВИШ: Загина 19 годишна девојка, возачот тешко повреден

0
137

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во кој животот го загуби 19 годишна девојка, а додека возачот со тешки повреди е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза„
На магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на село Радичево, утринава околу 4:05 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолсваген шаран’’ со бугарски национални ознаки управувано од Ф.Д.(31) од Струмица и товарно моторно возило „даф’’ со радовишки регистарски ознаки управувано од С.Т (44) од Радовиш.

Во незгодата на местото на настанот починала сопатничката во патничкото моторно возило С.Т(19) од Струмица , а возачот Ф.Д се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комлекс клиники „Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител, a увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.