ТИМОНИЕ ГО ПРАВДА МАКРОН: ОДГОВОРНОСТ ТРЕБА ДА СНОСАТ ОНИЕ КОИ ДАДОА ВЕТУВАЊА

0
87

Македонија имаше нереални очекувања за датум – освен реформи на хартија, треба напредок и во пракса. Ова го порача амбасадорот Тимоние и го прекина молкот по францускиот црвен картон за влез во ЕУ. За Франција тезата да се биде награден за Преспанскиот Договор, треба да се замени со квалитетна европска агенда

Вие работете на реформите, а ние на методологијата, кажа Тимоние и го остави отворено прашањето дали навистина сме земја – пример во регионот.

„Требаше да се разговара за реалната состојба на реформите. Тоа беше на маса, за потоа мистериозно во текот на целото лето се подигнаа очекувањата, дека на некој начин одлуката ќе биде компензација за Преспанскиот Договор. И се случи чудна промена на перспективите и ова не го велам за да ги обвинам властиете овде, но тоа беше и со некои наши партнери. Јас како наблудувач честопати се прашував , како од објективна оценка на агенда, преминавме на награда за постигнат договор.“ – изјави Кристијан Тимоние амбасадор на Франција.

Некои луѓе дадоа ветувања, а потоа ја префрлија одговорноста на други, порача францускиот амбасадор. Во пресрет на Самитот, минатата недела се правеле „маркетиншки трикови” за да се добие впечаток дека земјата ги исполнила сите задачи.

За извештаите пак на Европската Комисијата, порача дека се интересно четиво и дека биле позитивни и за време на претходниот режим.

„Но, потоа тие се набљудуваат од пополитички агол од страна да државите членки и понекогаш одредени поглавја или резимеа не се сосема компатибилни со текстот. Имате поглавја кои што се позитивни или заклучоци коишто се позитивни но колку повеќе читате во содржината ќе дојдете до размислувања и до идејата дека тоа е политичка одлука која треба да се донесе.Тие 15 тина извештаи беа позитивни и за време на претходниот режим.“ – изјави Кристијан.

Францускиот амбасадор денеска немаше одговор за тоа дали до Самитот за Западен Балкан во Загреб следниот мај ќе се донесе нова методологија за преговори со ЕУ.

Во меѓувреме порача, земјататда се фокусира на реформите кои не се исполнети, а власта и опозицијата да постигнат консензус за реформи со двотретинско мнозинство, конкретно споменувајќи го Законот за Јавното обвинителство.