Три часа стоеше возот заради запалена пруга

0
77

Во овие два дена во Пелагонија владее невидена систуација со пожарите, велат од битолската противпожарна единица, а причината се запалени стрништа. И граѓаните постојано коментираат на социјалните мрежи дека последните неколку дена над Битола има облак од чад.

-Цела ноќ општините кои ги покрива ТППЕ имаше некаде над сто пожари. Она што се случуваше во атарот на селата Лознани, Новослелани, Горно Српци, Вашарејца, Кукуречани. Јас во мојата професионална кариера не сум го видел, огромно нешто, не знам што беше мотивот на земјоделците, дали тоа што доаѓаат дождови, па ги палат масовно. Ова беше невидено, изгледа применуваат нова тактика, ги палеа дење, сега ги палат ноќе и да сака ТППЕ во такви терени не можеме да делуваме, изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ Битола.