Убиен еден од лидерите на Ал каеда

0
137

Лидерот на терористичката мрежа на Ал каеда за Јужна Азија, Асим Умар, е убиен во заедничка операција на Авганистан и САД, јави Би-би-си.

„Умар, кој беше лидер на Ал каеда за индискиот супконтинент (AQIS), е убиен во напад врз талибански позиции во авганистанската провинција Хелманд на 23 септември“, соопшти Директоратот за национална безбедност на Авганистан.

Според британскиот јавен сервис, во истата акција загинале 40 цивили, како и шест други припадници на Ал каеда, повеќето од нив Пакистанци.

Меѓу убиените членови на Ал каеда е и Раихан, курир на Умар во комуникацијата со водачот на Ал каеда, Ајман ал-Завахири, додава Би-би-си.

САД и Ал каеда не ја потврдија веста за смртта на Умар.