Уставниот суд ќе расправа за законитоста на законот за јазици

0
87

Предметот за оценување на Законот за употребата на јазиците е во завршна фаза и очекуваме во најбрз можен рок истиот да биде ставен на дневен ред на Уставниот суд.Ова е одговорот на Уставниот суд на барањето на политичката партија Левица, која е иницијатор за оценување на уставноста на Законот за двојазичност.

Левица очекува во најбрз можен рок Уставниот суд со мериторна одлука ди гопоништи овој закон.

„Да потсетиме, овој контровезен закон, кој беше дел од Тиранската платформа, а кој доби негативна рецензија и од страна на Венициската комисија, беше илегално прошверцуван во Собранието на РМ и објавен во Службен весник без потребниот претседателски потпис“ истакнаа од Левица

Остануваме да ги искористиме сите институционални и вонинституционални методи на политичка борба, со цел ставање крај на ова беззаконие, додаваат од партијата.