Филипче: Лековите се достапни за граѓаните и кон крајот на месецот

0
135

Министерот за здравство денеска во општина Прилеп посети неколку аптеки, за да се информира како тече мерката со укинувањето на квотите за лекови на рецепт.

– Граѓаните на Прилеп имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. За првпат сите граѓаните имаат достапни лекови кон крајот на месецот. Тие без проблем ја земаат потребната терапија. Го решивме деценискиот проблем. Секој пациент е снабден со лекови согласно реалните медицински потреби, без да прават залихи на лекови во нивните домови, изјави министерот Филипче.