Чибук за Помпео, охридски бисери за сопругата Сузан

0
85

Во рамки на вчерашната посета на Охрид, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, кој беше придружуван од сопругата Сузан, покрај посетата на црквата Св.Богородица Перивлепта, имаа можност да го видат и Музејот на Охридскиот бисер Филеви Т.М. 1928.

Високите гости се запозна со техниката, богатата музејска содржина, традицијата, историјата преку вештините на дел од изработката на овој редок занает тајна, заштитен Бренд како посебен културен елемент на Охрид.

Во оваа пригода, за државниот секретар Мајк Помпео од страна на семејството Филеви беше изработен посебен Чибук во дрвена интарзија со охридски бисер и манжетни, а сопругата Сузан Помпео на подарок доби ѓердан со обетки од охридски бисер.