Шекеринска очекува да одговараат сите кои учествувале во изборни кражби и нерегуларности

0
138

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ги повика сите институции што се занимаваат со избори да гласаат согласно законите и принципиелно, коментирајќи ја објавената „бомба“ во која се слуша нејзиниот глас како разговара со член на Државната изборна комисија за неговиот „одлучувачки глас“ во изборите.

– Тоа сум го кажувала јавно и во телефонски разговор во 2013 година и тоа денеска го мислам. Но, овој телефонски разговор покажа дека за разлика од поранешата власт, ние не зборуваме едно во јавност, а друго по телефон. Истото што го кажував тогаш на пример на седници на Собранието дека не можат да се крадат изборните победи со меѓупартиски пазарења, го кажував и во телефонскиот разговор. Мислам дека и разговорт на сите нас ни дава комплимент дека не сме исти. Дека од една страна е поранешата власт што се закануваше на луѓе и се пазареше да се гласа спротивно на законот и оние што тоа не го прават, изјави Шекеринска, која денеска прсстојувуваше во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес на Денот за високи гости на вежбата ,,РЕГЕКС-19“.

Според неа, ние би биле прва држава каде што некој се повикува на одговорност што повикал да се почитува законот.

Министерката Шекеринска изрази надеж дека ќе одговараат сите оние кои учествувале во изборни кражби и нерегуларности и сите оние кои, како што рече, даваат силна поддршка да се крадат избори и да се манипулираат гласачите.

– За жал, дел од тие процеси се уште не е се завршени, меѓутоа мислам дека и разговорите и нашето однесување покажаа дека таквото однесување за оваа држава е веќе минато, изјави министерката Шекеринска.