Шеќеринска: Добредојдени сме во НАТО, членството станува реалност

0
107

Во новото седиште на НАТО во Брисел се подготвуваат просториите за македонската мисија, во очекување на полноправното членство од што земјава ја делат уште три ратификации за пристапниот протокол.

Сите подготовки течат според планот, изјави во Брисел министерката за одбрана Радмила Шекеринска која изминатите два дена, по трет пат присуствуваше на состанок на министрите за одбрана на земјите членки, остварувајќи и бројни билатерални средби.