Шумската, затворската и судската полиција протестираат за поголеми плати

0
144

Вработени во полицијата, шумска полиција, судска и затворска полиција, членови на независниот синдикат на полицијата од утрово протестираат во сите градови во земјава.

Тие од 7 до 9 часот го блокираа влезот од магистралниот пат Велес – Штип. Организирани од Независниот полициски синдикат, според нивните најави вакви протести утрово имало и во Штип, Прилеп, Виница, Прилеп, Кичево, Куманово, Тетово. Протестот беше под мотото „Враќање на достоинството на полицијата“.

Генералниот протест ќе се одржи во Скопје пред влада каде што ќе ги достават нивните барања до Владата поврзани со платите и лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција.

– Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019, колективен договор со шумска и затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци – стои во писменото барање, кое подоцна во текот на денот ќе биде доставено и до Владата.

Централниот протест во Скопје ќе биде поддржан од претставници на Словенија, Србија, Романија и на Бугарија.

За време на протестот, кој почна утрово, а ќе трае до попладне, ќе бидат блокирани повеќе сообраќајници во Скопје и низ земјава.