Јанушев: Членови од ВМРО-Народна и Обединети за Македонија се приклучија на ВМРО-ДПМНЕ

0
149

Денеска имавме средба со дел од раководството од повеќе политички партии кои што до пред извесно време партиципираа во власта, дел од тие преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, дел преминуваат во онаа конзервативна и останатите десничарски партии од Коалицијата „За подобра Македонија“.

Тие ги ставаат своите капацитети на располагање се со цел што побрзо да ја турнеме оваа криминално рекетарска власт и да помогнеме што побрзо во обновата на Македонија.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ остануваме отворени и ги повикуваме сите чесни и искрени граѓани на Република Македонија да ни се придружат во борбата против власта, во борбата за обнова на Македонија.

Она што исто така е вредно да се напомене е дека овие луѓе ги напуштаат политичките партии во период кога буквално сите механизми на присилба и уцена се во рацете на Заев и СДСМ и одлучиле да се придружат на нашата борба за што побрзо СДСМ и Заев да ги тргнеме од власта и да почнеме со обновата на Македонија.