Ќе се намалуваат казните за сите сообраќајни прекршоци

0
151

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува намалување на казните за сите сообраќајни прекршоци.

„Продолжуваме со политиките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и помали трошоци. По намалување на казните за правни и физички лица, задоволство ми е што овде во Кичево можам да најавам дека во следниот период ќе поднесеме предлог за измена на законските одредби со што значително ќе се намалат казните за сите сообраќајни прекршоци“, порача Спасовски пред присутните.