Џонсон: Ние треба да си заминеме на 31 октомври

0
76

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека сега на Европската Унија останува да одлучи за одложувањето на Брегзит.

-Во овој момент, како што знаете, ЕУ треба да одлучи дали ќе ни одобри или ќе го одложи нашето заминување. Како што стојат работите, ние можеме да ја напуштиме на 31 октомври, рече Џонсон, пренесен од британските медиуми. Тој, сепак, вели дека Велика Британија треба да го напушти европскиот блок на 31 октомври.