130 години од постоењето на Мулен Руж

0
156

Француското кабаре Мулен Руж познат по своите танчерки во скудни костими со пердуви, оваа недела слави 130 години постоење.

Во Мулен Руж секоја вечер се нудат две претстави во кои танцуваат и пејат 60 изведувачи од различни земји. Цената на влезници е до неколку стотини евра. Околу 600 илјади посетители, колку што годишно го посетуваат кабарето, и пијат четврт милион шишиња шампањ, не знат дека всушност зад сцената се одвива сосема поинаква кореографија –софистицирана машинерија за измена на костими и сценографија без кои претставата нема да може да се одржи. Целиот тим зад сцена е прецизно органзиран за да сѐ се одвива беспрекорно.
Секој настап вклучува стотици костими, а секоја танчерка во текот на претставата менувамеѓу 10 и 15 костими за кои има просечно по 90 секунди, пред да се врати назад на сцена.