75% ОД ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СМЕТААТ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ

0
96

Три четвртини од граѓаните сметаат дека Гоце Делчев е Македонец, односно 75 проценти од анкетираните имаат ваков став, додека 4,6 проценти сметаат дека тој е етнички Бугарин. 4,9 проценти имаат мислење дека тој е и Македонец и Бугарин, а 15,5 проценти не одговориле на ова прашање, покажува најновото истражување на јавното мислење што го направи Институтот за политички истражувања по барање на емисијата „Детектор“

Над 60 проценти не би се согласиле Гоце Делчев да се слави како национален херој и на Македонија и на Бугарија, а 23,7 проценти немаат ништо против заедничко славење. Поголем процент од анкетираните односно 58 отсто не се согласуваат Делчев да се слави како херој на двете земји дури и по цена на тоа земјава да добие поддршка од Бугарија во процесот на ЕУ интеграција.

Од вкупно анкетираните, 39 проценти сметаат дека без договор на македонско – бугарската комисија за историски и образовни прашања, Бугарија нема да го поддржи процесот на интеграција на нашата држава во ЕУ, додека 30 проценти очекуваат поддршка.

Анкетата е спроведена во периодот од 4 до 7 октомври врз репрезентативен примерок од 1.106 испитаници, со маргина на грешка од плус – минус 3 проценти.