Пет и пол години казна затвор за возачот кој лани на штипскиот булевар прегази средношколец

0
111

Штипскиот Основен суд ја донесе пресудата против 69 годишниот Богдан Митевски, кој лани во ноември на пешачки премин пред регионалното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ на булеварот „Гоце Делчев“ го прегази 15 годишниот Мустафа Седат.

Пет години и шест месеци е казната затвор за Митевски, кој на судењето пред пет члениот кривичен совет ја признал вината.