Амбасадор во НАТО, пред самитот во Лондон

Претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, посочија дека во пресрет на членството во НАТО, земјава ќе ги зајакне своите дипломатски и воени мисии во овој сојуз. Тие ветија дека пред Самитот во Лондон, што ќе се одржи на 3 – 4 јануари следната година, земјата ќе го назначи својот амбасадор и воен претставник.

Иако името на националниот координатор, Дане Талевски, се шпекулираше, тој ниту демантираше, ниту потврди дали ќе биде следниот амбасадор во НАТО. Министерката Шекеринска ја истакна потребата од континуирани реформи во одбраната.