Без соодветна заштитна облека и во тешки услови работеле некогашните вработени во Охис

Првиот човек кој се вработил во погонот со линдан во Охис, Реџеп Ајраловски денеска е единствениот преживеан. Вели дека го спасил животот на село , но деновите поминати работејќи со линдан биле фатални за неговите 45 колеги .

Без соодветна заштитна облека, во тешки услови во Охис работел и Киро Пешевски.  Од живата и хлорот со кои 34 години бил во директен контакт и денес има потешкотии во дишењето и мора да пие лекови.

Вработена во мензата на фрабриката која  не сакаѓе да зборува пред камерата на Телма вели дека тешко било дури и да се одржи и вегетацијата во дворот на Охис, од токсичната почва. Ни каажа и дека пред околу 40 години на еден систематски преглед сите вработени имале ист резултат – замастување на црниот дроб, заболување што може да е предизвикано од вдишување на хемиски супстанци.